Највисоката статуа на светот ќе биде откриена за јавноста по речиси пет години изградба на 31 октомври. Статуата, наречена „Статуа на единство“ е висока 182 метри, речиси двојно повисока од Статуата на слободата и речиси 100 метри повисока од актуелниот рекордер, кинескиот пролетен храм Буда.
Поставена на островот Сашу во западна Индија, Статуата на единство, наводно, чини над 500 милиони евра и ќе биде официјално откриена пред јавноста од страна на премиерот Нарендра Моди на роденденот на Сардар Валабхабхај Пател.
Опкружена со водите на реката Нармада, статуата ќе биде 5 пати повисока од познатата статуа на Христос Искупител на Рио де Жанеиро и повеќе од двојно од руската импозантна Повикот на татковината во Волгоград. Милиони тони цемент и челик биле префрлени на местото и рециклирано железо се користело за основа на статуата.
Илјадници работници и стотици инженери работеле на проектот. Заедно со центарот за посетители, Статуата на Единство ќе има галерија за набљудување, која ќе може да прими до 200 посетители одеднаш, нудејќи ги експанзивните погледи на околината.
Во непосредна близина на атракција ќе има хотел со три ѕвездички со 128 соби, со ресторан и конференциски објекти. Проектот бил концептуализиран од премиерот Моди како споменик на Сардар Валабхабхај Пател.
Во ироничен пресврт, се вели дека за време на неговиот живот Пател изјавил дека е против концептот на зградите и статуите кои се изградени за да се слават поединци.
Пател играл голема улога во борбата на Индија за независност. Пател обединил 565 полуавтономни држави и колонијални провинции од ерата на Британија за да формира обединета Индија.
Тој бил првиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Индија. Починал од срцев удар на 15 декември 1950 година.