Голем број на фотографии од празни бензински станици се појавија на социјалните мрежи, откако илјадници Австралијанци решија да заземат став и да протестираат за покачувањето на цените на горивата.
160.000 луѓе ветиле дека ќе ги бојкотираат бензинските станици, преку голема онлајн кампања која била покрената како одговор на зголемувањето на цените на горивото, кое достигна рекордна цена од 2 долари за литар.
Сопствениците на неколку бензински пумпи исто така потврдиле дека пазарот им се намалил и дека ова е нивниот „најголем кошмар“.
Цените на бензинот во некои делови на земјата се покачуваат веќе десет години, поради слабиот австралиски долар и повисоките глобални цени на нафтата. Австралија ја увезува својата сурова нафта од Сингапур.