Огромен пожар уништил 150-години стара црква во Масачусетс, но голема слика од Исус Христос чудесно го преживеала пожарот.
Првата баптистичка црква во Вејкфилд, Масачусетс, постоела повеќе од 150 години во областа на Бостон, но нејизниот ентериер и покривот станале пепел откако црквата била погодена од гром. Но, никој не знае како сликата од Исус која била закачена на влезот на црквата останала недопрена.
Според сведоците громот удрил во кулата на црквата и пожарот брзо се раширил. „Пеколниот“ пожар ја уништил црквата, но, парохијаните наоѓаат утеха во фактот дека сликата го преживеала пожарот. „Тоа е прекрасен знак и потсетник дека Исус е со нас.“, изјавила Марија Каколовски, која е член на парохијата.
Сликата ќе биде подарена на поранешниот пастор на црквата. Дури 100 пожарникари пристигнале на местото на настанот за да ја спасат црквата, но пожарот бил побрз од нив. Сега локалните жители собираат средства за реконструкција на црквата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.