Дејвид Швимер, познат како Рос од серијата „Пријатели“ објави смешно видео од себе како „сомнително“ се шета низ супермаркет во Њујорк со лименки пиво, откако полицијата во Блекпулиздала потерница за кражба, која ја извршил неговиот „двојник“.
„Полицајци, се колнам дека не сум јас. Како што можете да видите, бев во Њујорк. На трудољубивата полиција на Блекпул им посакувам среќа во истрагата.“, напишал „Рос“ на својот Твитер профил.
Откако фотографијата од крадецот била објавена, обожавателите на култната серија не можеле да се воздржат, а да не прокоментираат дека се работи за Рос. Фотографијата странала толку популарна на социјалнте мрежи што и 51-годишниот актер дознал за неа и решил малку да се пошегува на своја сметка.