Меѓународен тим на научници не успеа да го најде мистериозниот астероид Оумуамуа на локацијата во вселената, на која, според пресметките, би требало да биде сега.
Извештајот за ситуацијата е објавен во списанието Astrophysical Journal, а потоа и на страната на Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан (САД). Објектот во форма на пура, кој го добил хавајското име Оумуамуа (што во превод значи извидник), бил откриен пред една година.
Првично бил класифициран како астероид или комета. Научниците биле изненадени од отсуството на гравитационо поврзување со сончевиот систем, во кој поминува. Како резултат на тоа, Оумуамуа бил регистриран како прв вселенски објект што потекнува надвор од нашиот планетарен систем.
Научниците спроведоа ново истражување со помош на камерата IRAC на инфрацрвениот вселенскиот телескоп Spitzer. Тие ја поставиле кон локацијата каде што требало да се наоѓа Оумуамуа. Но, сепак и по 30 часа постојано набљудување немало трага од објектот.
Научниците добиле уште неколку резултати. Научниците укажуваат на отсуство на прашина и гас во проучуваната област на вселената, каде што бил Оумуамуа. Ова ја потврдува хипотезата дека објектот не е комета, во спротивно ќе покаже инфрацрвен сигнал.
Тие исто така успеале да пресметаат дека должината на овој астероид изнесува најмалку 240 метри. Сепак, според други истражувачи, може да достигне од 725 метри до еден километар.
Според авторите на делото, објектот не може да се најде, бидејќи веќе се повлекол на растојание недостапно за телескопи. Затоа овој објект ќе продолжи да биде мистерија која ќе ги измачува научниците.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.