Станува збор за момчето кое неодамна спаси 88-годишна старица од насилник кој на тепа во парк. Тој интервенирал во вистински момент и го „почести“ напаѓачот со клоци, додека го снимал целиот инцидент, кој можете да го видите тука.

Херојот по име Леонид Шчепел мора да плати 5.000 (околу 65 евра) затоа што го нападнал напаѓачот на неговата сосетка Клара Меламед, пред нејзиниот стан во Клинци во западна Русија.

32-годишниот напаѓач исто така живеел во зградата, но тој изјавил дека бил пијан и го промашил станот, а кога вратата му ја отворила старицата тој „мислел дека е крадец“ и ја нападнал. Г-ѓа Меламед претрпела скршени ребра, траума на главата, дислоцирана рака и изгубила неколку заби во насилниот напад.

Сепак, и покрај ова, бескрупулозниот напаѓач го пријавил Леонид во полицијата, а херојот сега треба да плати паричната казна. Тој вели: „Не жалам за тоа што го направив. Животот и здравјето на Клара се поважни од парите. Бев на мојот балкон кога видов како маж тепа жена која вреска. Зедов камера и отидов да видам што се случува.“

Напаѓачот

Во видеото Леонид му вели на насилникот: „Ајде тепај се со мене ку*ко! Тепај се со мене!“, а напаѓачот не се осмелува да му возврати. 32-годишниот напаѓач ќе остане 2 месеци во притвор додека да се расветли случајот.

Сподели на Facebook
пати видено