Човек би помислил дека приказните за исползувањето змии од тоалетните шолји се само празни прикаски и дека такво нешто не може да се случи. Но изгледа дека таквите нешта сепак се случуваат.
Боа излегува од тоалет во зграда на фирма
Да, така е. Пред еден месец од тоалетот во една јавна зграда излегла боа долга 1.5 метар, преплашувајќи една жена.
Змија каснува маж за пенисот додека седел на тоалетот
Човек кој бил во посета на своето семејство во северен Израел отишол до тоалетот. Среде вршење нужда, од шолјата излегла змија и го каснала и избегала. Имал среќа што змијата не била отровна.
Црната змија која излегла од тоалетот на една жена
Додека одзатнувала тоалет, жената се смрзнала кога видела како од цевката излегува змија. Службата за контрола на животни дошла на помош и утврдила дека змијата не е отровна, по што ја однеле на друго место.
Змијата која вознемирува муштерии на Старбакс
Откако си го испил своето кафе, еден човек од Сан Антонио, Тексас, отишол набрзина до тоалетот, и уште побрзо излегол кога од шолјата исползила змија.
Питонот кој наводно гризнал жена во Сингапур
Како и човекот од Израел, и една жена од Сингапур си седнала на тоалетот да си заврши работа, не сомневајќи се ништо. Неколку минути подоцна од шолјата излегол питон и ја каснал.
Егзотичната змија милениче која изненадила пензионерка
Во Англија од тоалетот на една пензионерка излегла голема егзотична змија. Ниту таа, ниту змијата не биле повредени.