37-годишниот Џон Вејн Морис упаднал во дом во предградието Робинсон во Тексас и влегов во спалната соба на сопственичката. Жената се разбудила и почнала да вреска, додека напаѓачот ја држел. Тој ѝ рекол дека треба да престане да се бори затоа што неговиот партнер е со нејзините деца и дека ќе ги убие доколку се спротивставува.
Мајката на две девојчиња и едно момче, се исплашила за животот на своите најмили и во моментот кога престанала да дава отпор во собата влегол нејзиниот херој.
15-годишниот син на жената го фатил потенцијалниот силувач и го тргнал од мајка си, а потоа го држел додека неговите сестри не повикале полиција. Полицајците изјавиле дека кога простигнале до куќата двете девојчиња им кажале дека нивниот брат се бори со крадецот во куќата, а кога полицајците влегле во спалната соба рацете на момчето сѐ уште биле околу вратот на Џон.
Тој бил однесен во затворот МекЛенан, обвинет запрвостепено кривично дело, кражба на живеалиште со намера да изврши сексуален напад.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.