Не само што е автомобилот удобно средство за транспорт, туку е и голема одговорност за возачот, особено во лоши временски услови. Според истражувањата направени од американски научници, околу 22% од сите сообраќајни несреќи секоја година се должат на метеоролошки фактори.
Затоа секој возач треба да има посебни знаења и вештини кои ќе им помогнат да управуваат со автомобилот кога времето е далеку од добро.
1. Во магла
Кога возите додека има магла отворете ги прозорците за да слушнете подпбро што се случува надвор. Освен тоа вклучете ги кратките светла, наместо долгите светла. Кога користите долги светла, светлината ќе се одрази во најситните честички на маглата, што може да ве збуни за време на возењето.
2. На лизгав пат
Кога возите по лизгав пат, внимавајте кога се движите нагоре и надолу. Како по правило, мешавината од песок и сол брзо паѓа од нив и затоа претставуваат зголемен извор на опасност за автомобилите.
3. За време на дожд
Голема британска осигурителна компанија не препорачува да се користат задни светла за магла бидејќи можат да ги маскираат светлата на сопирачките на вашиот автомобил и на тој начин да ги збунат возачите зад вас. Исто така кога ќе забележите голема локва успорете или застанете за да ја процените нејзината длабочина.
4. За време на дожд, во текот на ноќта
Ако се случи да возите за време на пороен дожд во текот на ноќта, имајте на ум дека дождовните капки на шофершајбната ја прекршуваат светлина и може да ве ослепат како возач. Дополнително, силните врнежи од дожд исто така создаваат рефлективен екран кога ќе се осветлат. Затоа е подобро да ги регулирате вашите фарови, така што нивните зраци не одат нагоре.
5. Куп снег
Доколку завршите со автомобилот во куп снег, до патот, не го вртете воланот во спротивната насока. Потребно е да го вртите воланот во истата насока и да се вратите на патот со постојано притискање на гасот.
6. За време на бура од прашина
Со цел безбедно да се стигне до дестинацијата за време на бура од прашина, меѓу многу други препораки, експертите од една голема производствена компанија препорачуваат да го напуштите патот, да го паркирате автомобилот некаде на страна и да ги исклучите светлата. Инаку, други автомобили можат погрешно да ги сфатат светлата на вашиот автомобил и да мислат дека патот се наоѓа на таа страна, што би можело да доведе до сообраќајна незгода.