Обложувањата се многу популарни меѓу луѓето – дури и научниците прават облози за откритијата и големите писатели се обложуваат на можноста за создавање приказни во ограничени количини на зборови. Но, иако паричната казна не е изненадување, овој креативен пристап довел до многу смешен резултат.

Хенри Стерн играл онлајн фудбал со неговите пријатели и завршил на последното место. Според условите на облогот губитникот морал да направи календар во кој тој ќе е главната ѕвезда. Хенри не се збунил или откажал, туку со сета посветеност и самоиронија, тој создал урнебесно ремек-дело.

Тој со помош на Фотошоп ги уредил неговите фотографии. Тој совршено ги заменил Мајли Сајрус, Џенет Џексон, Мерилин Монро и други познати личности.

Ова не било прв пат да се обложуваат на фудбал, првата година губитникот требал да се истетовира, а втората да настапи како стендап комичар.

Календарот е достапен за секого. Секој може да го купи на Амазон, а сите средства ќе одат за истражување на ракот. И што е најважно, се вклопува во секој стил, секое место и секоја прилика.

Сподели на Facebook
пати видено