27-годишната жена од Аризона ги крена завесите на нејзината врска во која има голема разлика во возраста и раскажува како го запознала нејзиниот 54-годишен сопруг преку нејзината најдобра пријателка, која е негова ќерка.
Тејлор Леман од Феникс, се запознала со својот сегашен сопруг Керн пред пет години, преку неговата ќерка Аманда која има 30 години. Г-ѓа Леман вели: „Луѓето зјапаат во нас, но мислам дека тоа е затоа што и двајцата сме средени, ние сме убав пар.“
Г-ѓа Леман, која тврди дека честопати ги споредуваат со Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас како резултат на нивната разлика во годините, вели дека нивната мрска можела да го уништи нејзиното пријателство со Аманда. Тејлор и Керн се запознале пред 5 години и иако и двајцата биле веќе во врски, привлечноста била моментална.
„Кога првпат се запознавме, работев со ќерката на Керн, таа ми беше најдобра пријателка и тој беше оженет во тоа време. И јас исто така бев во врска. Отпрвин мислев дека е многу убав. Отсекогаш ме привлекувале постари мажи. Тој мислеше дека сум слатка и почнавме да флертуваме во барот. Аманда и јас бевме пријателки една година пред да го запознаам нејзиниот татко, па на почетокот имав многу вина и се чувствував лошо. Но со текот на времето го надминав тоа. Таа знае дека секогаш ќе бидам таму за неа во нејзиниот живот и проблеми.“, вели Тејлор.
Таа исто така објаснува дека со Керн има многу заеднички работи и дека и двајцата се „стари души“ и дека таа всушност се заљубила во неговиот карактер. Мајката на Тејлор била против нејзината врска бидејќи Керн е на иста возраст како и таткото на Тејлор, но девојката вели дека нејзиниото семејство знаело дека таа се гледа најчесто со постари мажи и на крајот го прифатиле нивниот брак.
Со разлика во возраста (27 години) парот ја земал во предвид можноста Керн да почине прв, а Тејлор вели дека тоа и паднало многу тешко: „Имавме средба со адвокат за тестаменти, тоа не е нешто со што девојките во нивните 20-ти години се соочуваат и тоа е прилично тешко. Но, кој знае што ќе се случи. Можеби јас ќе починам прва во некоја несреќа или слично.“
Керн Леман изјавил: „Јас навистина немам никакви резервации, и дали Аманда сфаќа или не, во голема мера е одговорна за нашето запознавање. Ниту Тејор ниту јас не очекувавме да се развие во вакво нешто. Кога го направив тоа, мојот став беше дека многу сум направил за моите деца, но изборот на мојот партнер не е во нивна надлежност.“
54-годишниот Керн упатил и совет до сите оние кои се во врска со поголема возрасна разлика: „Ако ве прави среќни и се совпаѓате, тоа е само ваша работа и ако луѓето сакаат да ве осудуваат, по ѓаволите со нив. Оставете ги во нивната стаклена куќа.“