Жена е фатена на безбедносните камери како го остава нејзиниот 2-годишен син пред прагот на непознати луѓе во Тексас, САД. Од видеото може да се види како жената ѕвони и бега од прагот, а кога сопственикот на куќата ја отворил вратата малото момче го гледало преплашено.
Подоцна откако човекот го пријавил случајот во полиција, било утврдено дека станува збор за 2-годишниот Ројал Принц Симонс чијшто татко живеел во близина. Не е потврдено дали мајката во тој момент мислела дека го остава детето кај неговиот татко, или намерно го оставила на погрешна адреса.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!