Овој старец е по потекло од провинцијата Џангсу има 70 години и по професија е питач на еден паркинг во Пекинг. Кој би помислил дека тоа е профитабилен бизнис? Еднаш месечно тој оди во банка и носи планини ситни пари, ги окрупнува и праќа дома по 10.000 кинески јуани, односно околу 80.000 денари. Дедото освен своето семејство издржува уште 3 семејства на блиски роднини.