На 4-годишниот Зек Оливер од Англија му била дијагностицирана ретка форма на леукемија во мај оваа година. Единствената шанса за да преживее е третман, кој се извршува во болница во Филаделфија, САД, но за истиот се потребни 500.000 фунти.
Родителите на Зек, Хана и Марк почнале да собираат донации првин од соседите и локалните жители, а потоа приказната за Зек стигнала и до национално ниво, а за него парични средства донирале и познати ѕвезди. Сепак и по големите донации и хуманоста на многу луѓе кои донирале, колку што можеле, тие успеале да соберат 400.000 фунти, а тоа не било доволно за малиот Зек да тргне на пат.
Хана и Марк се шокирале кога еден маж, кој сакал да остане анонимен, ги донирал останатите потребни 100.000 фунти. Пресреќните родители не можеле доволно ѝ се заблагодарат на оваа скромна личност и се пресреќни што наредната недела нивниот син ќе замине за САД.
Се верува дека Зек е единственото дете во Англија кое боледува од хаплоидна акутна лимфобластна леукемија, состојба која влијае на 1 од 200 деца, кои боледуваат од леукемија.
Лекарите во Детската болница во Филаделфија велат дека нивната 17-неделна CAR T-клеточна терапија ќе му даде на Зак шанса за преживување од 60-80 проценти, наспроти помалку од 25 проценти ако продолжи со хемотерапија или направи трансплантација на коскена срцевина, кои се единствените опции што му се достапни во Британија.