Си бил еден ќелав, ама многу ќелав човек.
На главата имал само 4 влакна.
Човекот секое утро се чешлал – 2 влакна лево и 2 десно.
Поминало некое време, едното влакно паднало и човекот сменил фризурата – 2 лево, 1 десно.
Потоа паднало уште едно и тој почнал да се чешла – 1 влакно лево, 1 десно.
Потоа паднало уште едно… И човекот се растажил.
– Види сега каква беља – ќе треба да одам на работа нечешлан!