Запознајте го овој голем човек по име Михаил Колибелкин. Тој работи како доктор во Детската болница за итни случаи во Новосибирск, Русија, а неговата специјалност е максилофацијална хирургија. Тој со причина е наречен најдобриот доктор во Новосибирскиот регион во Русија, но тој никогаш не се фали за тоа. Веќе многу години, Михаил ги користи своите одмори за патувања во далечни региони со цел да ги направи најсложените операции за кои локалните хирурзи не се осмелуваат да ги изведат. Хирургот тоа го прави бесплатно.
„Доаѓам, ги прегледувам децата и ги одбирам најтешките случаи за да им ја вратам насмевката. На оние кои не добиваат бесплатна операција, сепак, им давам препораки или им закажувам операција за во блиска иднина“, објаснува Михаил Колибелкин.
Михаил Колибелкин работи во детската болница за итни случаи од 1987 година, во 1992 година стана шеф на одделот за максилофацијална хирургија. Вреди да се напомене дека неговиот син Константин оди по стапките на неговиот татко – тој исто така е максилофацијален хирург и неколку пати посетувал различни земји за бесплатно да им помогне на децата од сиромашните семејства.