Филмската легенда од Хонг Конг, Чау Јун Фат вели дека планира да го остави целото свое богатство во вредност од 5,6 милијарди долари (Хонг Конг), односно околу 710 милиони американски долари во добротворни цели.
63-годишната ѕвезда на филмот „Клекнат тигар, скриен змеј“ (Crouching Tiger Hidden Dragon) и оскаровец е познат по тоа што води смирен и скромен начин на живот, а троши само по 100 долари месечно. Всушност Чау може да се забележи како користи јавен превоз и купува во продавници кога има попусти.
Актуелниот актер, исто така, го користел својот прв мобилен телефон Nokia повеќе од 17 години, пред да купи паметен телефон пред две години, откако неговата Nokia престанала да работи. „Парите навистина не ми припаѓаат, јас сум само задолжен за нив привремено.“, изјавил тој.
Чау и неговата сопруга, Јасмин Тан, основале сопствена фондација пред неколку години, и тие немаат деца. „Мојот сон е да бидам среќна и обична личност. Најтешкото нешто да се постигне во животот не е богатството, туку како да се одржи мирен начин на размислување и да се живее остатокот од животот на едноставен и безгрижен начин.“, вели Чау.
Актерот е во филмската индустрија повеќе од 40 години и своето богатсво го заработил преку глумење во повеќе блокбастери, вклучувајќи ги: Поубаво утре (1986), Убиецот (1989), Пиратите од Карибите Крајот на светот (2007) и многу други.