Овој уникатен мотор е дело на автомеханичарот – ентузијаст по име Артем Болдирев од рускиот град Уфа, кој го направил со свои раце. Всушност, во основата на моторот е 8-цилиндричен мотор со автоматски менувач од автомобил Lexus, а сега неговата моќ е 300 коњи. Сите други делови ги прилагодувал на димензиите и формата на V8 моторот. Резултатот е огромниот мотоцикл „Гангрена“ со вкупна тежина од 600-700 килограми, што, според Артем, возењето го прави посебно убаво. Да погледнеме во продолжение како изгледа „чудовиштето“.