27 годишната Увамарија од Руанда завршила факултет и откако не успеала да најде работа според нејзината струка, почнала да им помага на своите родители на плантажите за цвекло. Увамарија добила идеја да се обиде да направи вино од цвеклото. Наместо вино, таа добила сосема нов алкохолен пијалок со одличен вкус, кој го нарекла „Карисимби“.
Пијалокот веднаш станал популарен не само меѓу локалните жители, туку и во целата земја. Од неодамна девојката почнала да извезува вино дури и во Германија.
Работата на Увамарија и тргнала многу добро, таа ги проширила плантажите, го откупува целото цвекло од локалните фармери, ангажирала 17 работници и продава околу 1.000 шишиња вино секој месец. До следната година, таа планира да го удвои прометот.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.