Различните видови на дрога можат значително да му наштетат на нашето тело. Во моментот кога земаме дрога, на било кој начин, нашето тело почнува да ја разложува. Во тој процес, се произведуваат метаболити или нуспроизводи на дрогата, кои може да се задржат во крвта, урината (па дури и во нашата коса) долго време откако ќе се почувствуваат првичните ефекти на дрогата.
Трагите од овие метаболити се она што го бараат тестерите за дрога, бидејќи тие се добар показател дека некој всушност користел дрога, наместо само да дојде во случајен контакт со неа.
Како што покажува табелата подолу, трагите од дрога како ЛСД, морфиум, хероин, амфетамини, па и алкохол остануваат во крвта само 12 часа или помалку:
За урина, прозорецот за детектибилност е малку поширок – околу три до шест дена за ЛСД, МДМА и морфин, на пример – и до 30 дена за марихуана:
Тестовите за дрога базирани на коса се најточни, како што е прикажано на табелата подолу, бидејќи трагите од сè, од алкохол до морфиум, можат да останат во фоликулите на косата до 90 дена: