Волкот ја сретнал Црвенкапа и ја прашал:
– Црвенкапо, каде одиш?
– Кај баба, бидејќи е болна. Исто така, носам леб, путер и сирење, – одговорила таа.
– Добро, – рекол волкот. – Фати се за мојата опашка и јас ќе те одведам.
Црвенкапа се фатила за неговата опашка и волкот ја однел до куќата на бабата. Тогаш таа во знак на благодарност го бакнала, а тој – ОП ЧУДО – се претворил во убав принц.
Потоа ѝ рекол на Црвенкапа:
– Црвенкапо, ти благодарам многу што ја растури магијата. А сега, ако сакаш, пушти ми ја опашката, зошто баба ти гледа низ прозорецот…

Сподели на Facebook
пати видено