Чатупом Лосир или познат како „Пештерскиот човек“ се прослави на социјалните медиуми откако почнал да објавува фотографии од млади и голи туристки за кои вели дека спиеле со него.
48-годишниот маж од Тајланд првин се фалел дека успеал да заведе девојка од Русија, а наредниот ден објавил фотографија од друга гола девојка во неговиот кревет.
Неговите соседи повикале и полиција поради „несоодветна врева“ и „недостаток на пристојност“. Сепак полицијата не успеала да најде нешто сомнително во „пештерата“, но изјавиле дека е „несигурно и ризично“ за жените да одат во пештерата.
Лосир се бранел пред новинарите дека тој не направил ништо лошо и дека жените самоволно доаѓаат во неговата „пештера“. Тој вели: „За жените што спијат тука, не постои присила на било кој начин. Ниту една од жените не е принудена да стори нешто, а понекогаш и немаме секс. Понекогаш се гушкаме до утро. Тие се среќни и јас сум среќен.“
Тајландскиот заводник сѐ уште продолжува да објавува фотографии и да раскажува за авантурите со жените од западниот свет.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.