Сатанизмот претставува вистински систем на верувања кој има свои следбеници насекаде во светот. Но, оваа религија (како и многу други религии, впрочем) навела некои од нив да извршат некои навистина грозоморни и брутални злосторства. Еве 10 такви примери.
1. Рики Касо
Рики Касо со сето свое срце верувал дека дејствувал во согласност со волјата на неговиот мрачен господар. Касо тврдел дека Сатаната му зборувал преку црна чавка, наредувајќи му да убие некого. Вреди да се спомне и дека Касо се борел со зависност од дрога како и со ментална болест. За да ја исполни желбата на својот господар, Касо го намамил својот пријател Гери Лоуерс во една шума. Држејќи му нож под грло, го натерал Гери гласно да извика „Те сакам, Сатано“, по што го заклал, му ги извадил очите и го закопал.
2. Николај Оголобјак
За да му удоволат на Сатаната, група млади Руси решиле да отидат чекор понатаму и да му понудат човечки жртви. Групата предводена од бившиот член на црковен хор, Николај Оголобјак, намамиле четири тинејџери во шума, кадешто ги избоделе 666 пати. Потоа делумно ги изеле жртвите. Откако биле најдени човечки коски во близина на домот на Оголобјак, тие биле уапсени, при што на полицајците наводно им кажале „Сатаната ќе ни помогне да ја избегнеме одговорноста, направивме толку многу жртви во негова чест.“
3. Горење на цркви од страна на блек метал музичари и фанови
Во текот на деведесеттите во Норвешка имаше серија палежи на цркви. Извршителите на овие злодела биле млади сатанистички музичари кои свиреле во блек метал бендови. На тој начин овие млади луѓе го изразувале гневот кон црковниот естаблишмент во земјата. Од 1992 до 1996 биле запалени повеќе од 50 цркви од страна на блек метал музичари и фанови, а најтрагичната загуба од ова лудило е загубата на црква од 11. век во Фантофт, националнио обележје на Норвешка.
4. Гаал
Норвешкиот блек метал бенд Горгорот беше еден од најсатанистичките бендови во историјата. Пејачот Гаал го обожувал Сатаната и извршил насилни чинови во негово име. Во 2002г. Гаал бил осуден на казна затвор во времетраење од една година откако нападнал и измачувал човек за време на една забава. Човекот сакал да ја напушти забавата пред Гаал да го одобри тоа, и пејачот се налутил, го удрил, го врзал за стол и го мачел. За време на мачењето Гаал ја собирал неговата крв велејќи му „Ќе те жртвувам и ќе ти ја испијам крвта.“ За сличен напад бил обвинет и во 2006, а за времето на судењето во судницата се појавил украсен со сатанистички симболи.
5. Ѕверовите на сатаната
Ѕверовите на Сатаната бил италијански сатанистички култ од 90-те. Групата ја сочинувале пријатели со заедничка љубов кон блек метал музиката. Во 1998г. членовите на овој култ извршиле ритуално убиство врз двајца нивни пријатели, и наводно танцувале врз нивните гробови. По шест години повторно убиле. Во 2004г. конечно биле уапсени по што добиле долгогодишни затворски казни.
6. Омраза
Елајза Палер била тинејџерка на која ѝ претстоел успешен живот, се додека не била брутално убиена а нејзиното тело сквернавено од страна на членовите на Хејтред, метал група од Калифорнија. Тројцата членови на бендот наводно ја намамиле Палер во нивниот дом, кадешто ја убиле и извршиле сатанистички ритуали со нејзиното тело. Според полицијата, музичарите во повеќе наврати го сквернавеле нејзиното тело во текот на цела една година, пред на крајот да бидат уапсени. Семејството Палер се обиделе да ги тужат членовите на бендот Слејер поради тоа што наводно ги инспирирале убијците на нивната ќерка, но тужбата била одбиена.
7. Екипата мевосеци
Екипата мевосеци ја сочинувале четворица сериски убијци. Во периодот од 1981-1982, тие демнеле и убивале проститутки во областа на Чикаго. Тие ги собирале проститутките, ги носеле во нивиот стан и ги убивале. За време на убивањето, еден од нив ќе читал делови од сатанистичката библија. Штом жртвата ќе била убиена, тие го сквернавеле и јаделе телото.
8. Ричард Рамирез
Ричард Рамирез бил сериски убиец и силувач познат под прекарот „Ноќен демнач“. Во текот на две години, 1984-1985, Рамирез ги тероризирал областите на Лос Анџелес и Сан Франциско, внесувајќи страв и паника дека на слобода се наоѓа сатанистички убиец кој често остава врежани пентаграми на телата на жртвите, или на ѕидовите испишани со крв. Вкупно убил четиринаесет луѓе на различни брутални начини. Кога конечно бил фатен од група граѓани и уапсен, Рамирез за полицијата изјавил дека бил создание на Сатаната и е пратен на Земјата да извршува злосторства во име на ѓаволот.
9. Родриго Ориас Галардо
Родриго Ориас Галардо бил фан на блек метал од Чиле кој извршил едно од најгрозоморните сатанистички убиства во историјата. Како посветен сатанист, на левата страна од неговото тело бил жигосан со пентаграм и имал неколку сатанистички тетоважи. Жртвата на неговото злосторство бил отецот Фаустино Газеиро. Галардо присуствувал на миса и стрпливо чекал свештеникот да заврши со својата служба. Потоа смирено му пристапил и му го пресекол грлото. Потоа со истиот нож неколку пати се прободел самиот себе и се намачкал со крвта на свештеникот. За време на злочинот бил совршено свесен и не бил под влијание на никакви наркотици или алкохол.
10. Миранда Барбор
Миранда Барбор и нејзиниот сопруг Елит се познати како убијците од Креглист. По нивното апсење за брутално убиство на еден човек, Миранда изјавила дека е успешен сериски убиец со извршени дваесет и две убиства. Почнала да убива на 13-годишна возраст и секое убиство било во име на Сатаната. Нејзиното семејство ги демантирало овие нејзини изјави, но тоа не ја сопрело полицијата да ги истражи наводните сериски убиства.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.