Редица во аптека. На ред доаѓа една девојка:
– Дали имате тест за бременост?
– Да, еве овој е германски, со точност до 96% и чини 100 денари.
– А нешто поевтино?
– Кинески, со точност до 75%, чини 50 денари.
– А нешто уште поевтино?
Од крајот на редот се слуша глас:
– Девојко, отиди на некоја ливада, најди една маргаритка „да, не, да, не…“ – со точност од 50%, но затоа пак апсолутно е бесплатен!