Синчето камилче го прашува својот татко:
– Тато, зошто само ние од сите животни имаме грпка?
– Во неа, сине мој, собираме вода и така преживуваме во пустината долго време.
– А зошто имаме толку големи копита?
– За да не пропаѓаме во песокот кога одиме низ пустината.
– А зошто ни се толку големи усните?
– За да можеме да јадеме трња и грмушки, синко…
– Океј, океј, тато. Ајде сега објасни ми, зошто ни е целиот овој тјунинг во зоолошката градина во Скопје?