Феминистка се качува во автобус. Еден ситен дедо станува да ѝ го отстапи местото, а таа реагира луто:
– Со кое право вака понижувачки се однесуваш кон мене?! Седи таму дрт дедо!
И го турка назад на седиштето. На наредната станица влегува друга жена, старецот повторно станува. Феминистката веќе врие:
– Абе шовинистичка свињо! Што си мислиш дека демонстрираш? – и го турка назад на седиштето.
Автобусот застанува повторно, повеќе жени се качуваат, а човекот уште еднаш се обидува да стане. Феминистката го турка на седиштето:
– Што правиш бе ти?! Алооо!!! 21 век сме!!!
– Господи боже девојко! – Вели старецот очајно. – Ќе ме пуштиш ли да станам? Веќе три станици пропуштив!