Словенечката компанија ETF Mining со седиште во Марибор му го претстави на светот своето чудо, а освен габаритот и носивоста, камионот е уникатен и по својата иновативност.

Камионот е смислен модуларно, односно камионот може да се демонтира со виљушкар и потоа да му се монтираат други елементи, слично како редење огромни ЛЕГО коцки. Целата трансформација трае 15-тина минути.

Најинтересното е тоа што сите парови тркала на камионот може посебно да се управуваат и контролираат, што го прави способен за маневри за какви што другите камиони може само да сонуваат. За овој џин да се движи по патот му е потребна ширина од 24 метри што е за 3-7 метри помалку од камионите од слична класа.

Сподели на Facebook
пати видено