Маурицио Занфанти, беше познат во Италија како „Италијанскиот Плејбој“ или како „Ромео од Римини“. Занфанти сам си го користел псевдонимот „Ромео од Римини“ и отворено изјавил дека во неговите 63 години успеал да спие со повеќе од 6000 жени. Тој ги започнал своите сексуални авантури на возраст од 17 години во 1970-тите, кога бил промотор на еден од ноќните клубови во италијанското гратче Римини.

Според него, само ако имал околу 200 жени за едно лето, тоа го сметал за добро лето, а неговиот рекорд бил 207 жени за 3 месеци.

Тој велел дека го прави тоа само за да го промовира туризмот во Римини, бидејќи задоволните жени би сакале повторно и повторно да се вратат во овој туристички град.

Човекот, исто така, работел во туристички агенции во Скандинавија и станал толку популарен таму, што во неговата чест во Шведска е поставена и восочна фигура.

Занфанти починал за време на секс со 23-годишна туристка од Источна Европа. Лекарите рекоа дека доживеал срцев удар. Девојката повикала брза помош, но лекарите не можеле да му помогнат на 63-годишниот љубовџија. Според пријателите на Маурицио, тој сакал да умре на овој начин.

Сподели на Facebook
пати видено