Во двете акции кои се изведоа во исто време во градовите Арнхем и Верт, уапсени се 7 луѓе. Најмладиот од групата има 21 година, а водач им бил 34-годишен жител на Арнхем, со ирачко потекло. Во 2017 година тој бил обвинет затоа што сакал да оди во Сирија да се бори на страната на ИСИС. Ова се снимките од двете акции кои ги објави холандската полиција.
Осомничените планирале да напаѓаат на големи јавни настани во холандија и тоа со калашникови, рачни бомби, а дури планирале и да детонираат автомобил-бомба.
Полицијата изјави дека пред нападот осомничените се снабдиле со автоматско оружје од типот АК47, мали оружја, рачни гранати и бомби. Овој месец истрагата добила интензитет, бидејќи подготовките на групата веќе биле во напредна фаза.