OpenBiome користат човечки измет за да создадат медицински третман за луѓето кои страдаат од цревни инфекции, и поради тоа се подготвени да го одврзат кесето за донации на производите на човечкиот систем за варење, и тоа широко.
Колку поголеми и колку почесто ги пуштате во нивната лабораторија, толку посреќен ќе биде вашиот паричник, а и нивните пациенти.
Ако пет пати неделно се празните кај нив, ќе добиете 50 долари надоместок. Ако продолжите така цела година, ќе заработите 13.000 долари годишно не правејќи ништо што и така не би го правеле.
И пред да се залетате да си го земете тоа што заслужено ви припаѓа, би требало да знаете дека од OpenBiome не примаат баш секаков измет.
По запишувањето во нивниот регистар, компанијата ќе ве замоли да пополните прашалник сличен како при донација на крв или сперма.
Ако им се допаѓаат вашите одговори, ќе можете пробно да го искористите нивниот тоалет. Ако им мириса убаво, ќе ви направат тестирање на крвта и потоа ќе решат дали вашиот измет заслужува паричен надоместок.