Пред 10 години тип од научници тргнал да ги истражува дождовните шуми на Габон и влегол во една пештера. Во темната пештера, со лилјаци, научниците се сретнале лице во лице со застрашувачко суштество со големи блескави очи и светло портокалова кожа. Станувало збор за крокодил.
Крокодилите скоро никогаш не ги населуваат пештерите, а неговиот необичен изглед ги изненадил научниците. За среќа суштеството се исплашило од мажите и се вратило во темнината. Научниците продолжиле уште 600 метри во пештерата и пронашле уште 9 крокодили кои живееле во непријатни услови. Во внатрешноста на пештерите немало светлина, насекаде имало измет од лилјаци, а имало и малку малку за јадење.
Бројни експедиции во пештерите Абанда се изведуваат во изминатите десет години, во обид да се разбере подобро потеклото на овие крокодили кои живеат во пештера.
Крокодилите од пештери Абанда се вид на африкански џуџести крокодили, кои живеат низ Западна и Централна Африка. Тие се најмали крокодилски видови во светот во просек 1,5 метри во должина. Меѓутоа, крокодилите кои живеат во пештера имаат многу физички разлики со нивните роднини. Тие имаат пошироки глави, имаат слаб вид, а нивната кожа има чудна портокалова боја. Истражувачите велат дека долгите години поминати во вода со измет од лилјаци им ја „измиле“ кожата.
Но, разликата е подлабока од кожата. Истражувачите откриле дека нивниот генетски потпис е исто така различен од нивните колеги, што ги навело истражувачите да веруваат дека крокодилите се подложени на мутација и полека се трансформираат во нов вид. Бидејќи ваквите промени бараат неколку стотици генерации да се акумулираат во нивната ДНК, се верува дека крокодилите се отцепиле пред илјадници години од своите надворешни роднини.
Тешко е да се каже зошто тие избрале да живеат внатре во пештерите. Можеби им се допаѓаат лилјаците, затоа што тоа е единственото нешто со што крокодилите се хранат, и штурците и алгите. Повремено, малите крокодили можат да ги напуштат своите домови за да ја испитаат надворешната страна низ разни отвори, но откако ќе достигнат одредена големина, тие ќе останат заробени внатре и ќе мора да го поминат остатокот од деновите во темница, хранејќи се со лилјаци и пливајќи во измет од лилјаци.