Добредојдовте во иднината на затворскиот живот. Овој затвор нема ќелии, а просторот во кој живеат затворениците, повеќе личи како модерните канцеларии од отворен тип. Затворениците внатре ги имаат сите услови кои ги нуди современиот живот, како што се телевизор со екран на допир, кој нуди дури и ограничен пристап до онлајн услуги.

Тоа што е различно од другите затвори е безбедноста која е на база на реалните шоуа од типот на „Големиот брат“. Во местото има инсталирано стотици камери кои го следат буквално секое движење на затвореникот.

Иако ова изгледа премногу „фенси“ и на прв поглед не личи на казна, сепак има свои предности. Во традиционалните затвори, криминалците наместо да се рехабилитираат и да се научат да живеат без криминал, тие се дружат меѓу себе и учат еден од друг. Овде се се гледа и се се слуша, па никој не смее ни да помисли да договара некаков криминал. Освен тоа преку екраните на допир имаат пристап до литература и можат да се едуцираат.

Интересно е тоа што овој експериментален концепт до сега покажал далеку подобри резултати од традиционалните затвори.

Сподели на Facebook
пати видено