Според истражувањето, само 50% од оние што ги сметаме за пријатели, сметаат дека сме пријатели. Луѓето можат да комуницираат со нас затоа што сакаат да добијат нешто од нас или затоа што да имаат многу пријатели им е важно за имиџот. Но, дури и ако вашето пријателство започнало со взаемно искрен интерес, со текот на времето може да се претвори во нешто спротивно. Се разбира, се случуваат недоразбирања и расправии, но ако пријателските односи редовно прават да се чувствувате непријатно размислете дали е време да ставите крај.

Психолозите Сузан Хајтлер и Шарон Ливингстон наведуваат знаци на токсично пријателство кое може долго време да ги труе нашите животи.

1. Пријателот/ка прави да се чувствувате конкурентни со нивните други пријатели

Секогаш ви кажуваат колку убаво си поминале со другите пријатели и колку им било тогаш поинтересно отколку што им е сега со вас.

2. Поголемиот дел од времето го слушате вашиот пријател, а вашите проблеми не го интеренсираат

Пријателот ентузијастички ги споделува своите вести, но веднаш штом се обидете да кажете нешто како одговор, тој треба итно да одговори на СМС.

3. Пријателот кој секогаш ве критикува, но вашите критики ги сфаќа како навреда

Искреноста во односите е важна, разумната критика може да биде корисна, но токсичниот пријател не ги почитува вашите чувства.

4. Вие најчесто сте оние кои им се јавувате и барате од нив да се видите

Пријателот/ка не изгледаат доволно заинтеренсирани да комуницираат со вас и да инвестираат во пријателството.

5. Пријателот/ка кој/која смета дека треба да се промените

Кога ќе влезете во расправија тие ве убедуваат дека нешто не е во ред со вас и дека вие сте оние кои треба да се извинат, иако на сите им е очигледно дека пријателот погрешил.

6. Чувствувате постојани емоционални промени: Пријателот е среќен и расположен, а во друг момент е ладен и рамнодушен

Неконзистентно и непредвидливо однесување на пријателот постојано ви создава стрес. Денес сѐ ќе е во ред, а утре нема да ви крева слушалка и ќе се прашувате што сте погрешиле.

7. Секогаш се плашите да не кажете нешто што ќе предизвика незадоволство кај него/неа

Вашиот пријател често се навредува или е лут на вас, така што вие сте во постојана напнатост и се контролирате себеси за да не „кажете нешто погрешно“.

Сподели на Facebook
пати видено