Познатиот стереотип дека во Русија се шетаат мечки по улица се разбира не е точен. Сепак вакви работи можат понекогаш да се случат, но само во семејствата на дресери на мечки, кои некогаш биле осамени сирачиња.

Ние ќе ве запознаеме со 22-годишниот, висок 2.2 метри Степан, кој е познат актер во филмовите. Да, станува збор за голема кафеава мечка.

Тој глумеше со Стивен Сигал

Со Тимати во видеoто „Утёсов“

Во ТВ серијата „Воронины“

Бил забележан и во филмовите „Царот“ од Павел Лунгин, „Крај“ на Алексеј Учител и „Елка“. Тој исто така е познат и по снимање на реклами. На пример на фотографијата подолу е снимен за рекламата на Мегафон.

Зад сцената Степан е домашна мечка, мирољубива и душата на семејството.

Неговите посвоители се дресерите Светлана и Јуриј Пантеленко. Тој бил роден во шумата, каде што ја изгубил мајка си. Потоа бил во многу лоша состојба, па новите нови родители поминувале со него многу време. Всушност, поради тоа, тој израснал со многу благ темперамент и огромна љубов кон луѓето. Погледнете како тече неговиот секојдневен живот.

Тој е исто така ѕвезда на многу фотосесии. Од него не се плашат ниту девојките ниту децата.

Степан сега добил и „син“ по име Семен

Мајката одбивала да го храни мечето Семен па Светлана и Јуриј го земале под своја грижа

Сподели на Facebook
пати видено