Нашите предци ги немале модерните алатки кои ги имаме ние денес. Но, тие не биле помалку информирани и инвентивни, па решавале многу проблеми на свој начин.
Понекогаш многу невообичаени начини и пронајдоци денес изгледаат смешно.
1. Наместо торби, носеле синџири
Облеката на XIX век немала џебови, а чантите од материјал сѐ уште не биле во мода, така што сите неопходни ситници кои ги носеле дамите биле прикачени за „шатлен“. Шатлен бил украс и додаток во облик на синџир со клип на кој биле прицврстени разни предмети: клучеви, чанти, часовници, ножици, тетратки, парфеми, козметика итн.
2. Користеле конус за шминка
Во 1939 година, во Монтреал, смислувале метод кој ќе помогне да се заштити шминката на жените во дождливото време. И смислилеспецијален транспарентен конус: тој бил прицврстено на лицето на жените и ја одбивал влага. И покрај фактот дека таквиот конус често се замаглувал, не бил соодветен за излегување, и како целина изгледал смешно, многу девојки го користеле.
3. Гаснеле оган со гранати
Во 1723 година, Англија била многу склона кон пожари, па хемичарот Амброус Годфри измислил уред кој им овозможувал на цивилите брзо да го отстранат пожарот. Овој уред бил наречен Harden Star, или едноставно граната, бидејќи тоа всушност и бил. Топката била полна со прав кој го газес пожарот, но за тоа да се случи првин експлодирала. Сепак не било толку безбедно, се разбира, како модерни противпожарни апарати.
4. Ја определувале бременоста преку очите
Лекарот Жак Гулемо во 16 век измислил метод кој помогнал да се определи бременоста на жената, гледајќи само во нејзините очи. Жак тврдел: „Очите на една бремена жена се длабоко засадени, зениците се тесни, очните капаци се спуштаат, а во очите има потечени вени“.
Звучи сомнително, но овој метод често функционирал. Денес, научниците потврдуваат дека за време на бременоста, очите на жената навистина можат да се променат, но без модерна технологија проблематично е да се утврди.
5. Електротерапијата се користела за решавање на многу проблеми
Луѓето електротерапија користат повеќе од 2.000 години. И долго пред пронаоѓањето на електрични уреди, Грците за време на операциите користеле електрични раи како анестетик за да ја намалат болката.
И во годината 46 н. e. римскиот лекар Скрибониус Ларгус забележал дека еден човек бил излекуван од гихт, пецкајќи го со „риба-торпедо“ (еден вид електрична раја). Подоцна, тој лекувал не само гихт, туку и мигрена. Слични процедури се користеле за лекување на хемороиди, но ние нема да зборуваме за ова.
6. Измислиле чаша за заштита на мустаќите
Ако се обидете да замислите англиски господин од XIX век, тогаш, веројатно, ќе биде човек со мустаќи и чаша чај. Добро. Тогаш мустаќите биле во мода, но имало едно нешто: за време на чајанките, мустаќот му создавал на својот сопственик некои непријатности. Затоа, во 1870-тите, англичанецот Харви Адамс измислил специјална чаша, која ги штитела мустаќите од влага. Овие чаши биле многу популарни.
7. Готвење со користење на издувни гасови
На почетокот на 20 век луѓето сакале да го поминуваат времето на отворено. Бидејќи многумина имале автомобили, а готвење храна на клада било проблематично, во 1930 година, измислиле шпорет под притисок, кој бил поврзан со автомобилот. Идејата била топлите издувни гасови да загреваат и варат. Како што е наведено, печењето можело да се зготви за само 1 час.
Пронајдокот бил популарен, но не за долго. Очигледно, луѓето дознале дека овој начин на готвење не е сосема безбеден за здравјето.