Руската актерка Евелина Бледанс, која го очекува нејзиното трето дете била поканета да гостува во емисија за да зборува како е да се биде бремена на 49 години. Сепак ситуацијата ескалирала кога жена од публиката почнала да ја критикува Евелина и нејзината одлука.
Жената ѝ вели на акерката дека таа го загрозува здравјето на нејзиното неродено дете, бидејќи веќе има син со Даунов синдром.
Жената од публиката, Елена Лебедева во живо изјави: „Опасно е да се раѓа на возраст меѓу 35 и 40 години, а не па 49 години? Каде ти беше паметот? Сакаш ли да родиш уште едно болно дете? Дали ќе родиш друго дете со Даунов синдром? Никому не му е потребно такво дете, ниту на општеството, ниту на тебе.“
Евелина првин се обидува да биде смирена, но откако Елена ги кажува тие зборови за нејзиниот син, мајката не може да издржи. Таа станува и ѝ одржува лекција велејќи ѝ: „Можете да кажете што сакате за мене, но оставете ги моите деца на мира.“