Двајца „ловци на духови“ тврдат дека фатиле легендарен спектар на камера за време на ураганот Флоренс во Северна Каролина.
Според американската легенда посебен дух, наречен „Сивиот човек“ се појавува за време на бура за да ги предупреди жителите од непосредно уништување. Се верува дека првпат се појавил во 1822 година, но бил забележан пред ураганот Хазел во 1954 година, а се појавил и непосредно пред ураганот Хуго во 1989 година.
Легендата вели дека „Сивиот човек“ бил млад морнар кој што се враќал на островот Повлис за да ја побара за жена, довојката во која што бил вљубен. Поради бурата тој паднал од неговиот коњ во жив песок и починал пред да успее да ја запроси саканата.
Девојката го убедила своето семејство да оди на сигурно, и по враќањето виделе дека иако островот бил во рушевини, нивниот дом бил поштеден. Сега луѓето сметаат дека оние кои ќе го видат духот на „Сивиот човек“ нивните домови ќе бидат поштедени од бурите и ќе имаат време да си ги спасат животите, затоа што неговото прикажување служи како предупредување.
Голем број на луѓе кои го виделе видеото веруваат во приказната за „Сивиот човек“. Што мислите вие?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.