Полицијата на округот Паско била во потера на осомничениот, 24-годишниот Кевин Вилсон, откако тие одговориле на повик од дом во Њу Порт Ричи, поради обидот за киднапирање на шестмесечно бебе.
Киднаперот се откажал од својата намера откако вујкото на мајката на бебето му се заканил со пиштол, но избегал од местото на настанот, за да подоцна го остави своето возило и се упати во шумско подрачје каде што го следел Титан, заедно со полицаецот Фергусон.
Во неверојатното видео може да се види како полицаецот е предводен од неговиот моќен партнер, Титан, кој успеал да го фати мирисот на Вилсон, додека над нив лета и полициски хеликоптер.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!