Ураганот Флоренс ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија и одзеде 17 човечки животи. Иако моментално ураганот повеќе не е опасност по живот, поплавите кои ги предизвикал можат да бидат фатални за поголем дел од животните кои живеат на улица или биле оставени од своите сопственици. За среќа има некој кој мисли и на нив.
51-годишниот камионџија, Тони Алсуп изведе „библиско“ спасување на овие несреќни животни. Тој можеби не изградил брод, но купил училишен автобус и со него се вратил да собере што е можно повеќе животни, затоа што нивоата на водата сѐ повеќе се греваат во Јужна Каролина.
Тој успеал да спаси 64 крзнени пријателичиња, од кои 11 се мачки, а 53 кучиња. Тони ги носи во јужна Алабама, во засолништа за животни во кои сѐ уште има слободно место. Додека многу луѓе бегаат од бурата, Тони доби пофалби за неговата несебичност и храброст.
Но, ова не му е прв пат на Тони да спасува животни во вакви катастрофи. Тој бил да спасува животни за време на ураганот Ирма и бил во Порторико, за време на ураганот Марија, за да ги храни коњите. Тони вели дека би сакал еден ден да управува со сопствено засолниште за животни.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.