Во некои региони во Египет може да видите доста голем број недовршени куќи, кои немаат покриви, ниту пак горна плоча и личат како ветрот да им ги однел покривите. Но, причината за ова не е некоја природна катастрофа, туку сопствениците на овие објекти намерно го прават тоа.
Работата е во тоа што дури и богатите луѓе на ваков начин избегнуваат да плаќаат даноци. Тие целосно го изградуваат првиот кат, но не го завршуваат горниот кат и не го покриваат. Вака тие можат да живеат во куќата со децении, а немаат обврска да плаќаат даноци на нивниот имот. Се разбира, ова е овозможено и поради поволната клима и ретките дождови.