Маж се враќа дома од конференција со помодрени очи.
– Лелеее, што ти се случило? – Го прашува жена му.
– Си седев во салата и забележав дека фустанот на жената пред мене и влегол во задникот. Затоа се поместив малку напред и го извлеков, но таа се сврте нервозно и ме удри по окото.
Жената изнервирано:
– Ова го објаснува едното модро око, а другото?!
– Па, штом ме удри јас помислив дека и се допаѓало да го носи фустанот така, затоа сакав да се поправам и пак и го напикав внатре…