22-годишната девојка се качила во такси каде што на предното седиште седел уште еден патник. Откако стигнала на дестинацијата, кавалерите се понудиле да ѝ помогнат со куферите до хотелската соба. Девојката се согласила, но штом влегле внатре, тие побарале сексуални услуги од неа.
Таа не се согласила, а таксистот и другарот се обиделе да ја силуваат. Тогаш таа им прозборела со машки глас и употребила машка сила за да се спаси. Се испоставило дека девојката е всушност маж, со име Шакрух, кој однадвор изгледал како девојка со бујна коса и гради, но со машки полов орган.
Тогаш силувачите го проболе со нож во градите и го ограбиле. Му зеле околу 10.000 денари и Ајфон. Тој некако успеал да излезе на терасата и да побара помош, при што една продавачка дошла, повикала брза помош и му го спасила животот.