Има околу 900 кражби на 100.000 луѓе годишно. Со цел да не бидете дел од оваа статистика можете да направите нешто за да си го заштитите вашиот дом. Некои луѓе избираат аларми, други специјални врати со повеќе брави, но малкумина забележуваат дека крадците веќе почнале да го набљудуваат нивниот дом и го чекаат вистинскиот момент за да направат потег. Обрнете внимание на овие ситни делати кои можеби на прв поглед ќе ви изгледаат неважни.

1. Некој ви го „краде“ ѓубрето

Крадците знаат дека ние понекогаш фрламе во ѓубре документи кои содржат наши лични податоци кои тие би можеле да ги искористат. Затоа бидете внимателни и секогаш целосно уништувајте ги документите од ваков тип кои планирате да ги фрлите. И доколку забележите сомнително лице кое ви чепка по кантите запомнете го затоа што не станува секогаш збор за бездомник.

2. Кучето исчезнува

Крадците се свесни дека кучето е голем проблем при кражба, затоа можат да го намамат и да се ослободат од него неколку дена пред да ја извршат кражбата.

3. Празен резервоар за гориво

Доколку забележите дека резервоарот ви се испразнил во текот на ноќта додека автомобилот ви бил паркиран, тогаш тоа може да значи дека крадците намерно го испразниле за кога ќе тргнете некаде останете без гориво и така да ви биде потребно повеќе време за да се вратите дома.

4. Нов домар

Доколку редовно ве услужува истата личност од истата компанија тогаш би требало да се јавите во компанијата и да проверите доколку дојде нов домар. Може да станува збор за крадец кој ја проверува територијата.

5. Скршен прозорец

Некои крадци фрлаат камен кон прозорците на куќата или пак автомобилот за да видат како ќе реагира сопственикот и соседите. Така тие го определуваат совршеното време и место за кражба.

6. Проблеми со светлото

Ако имате светло во дворот кое се активира на движење и приметите дека повеќе не функционира затоа што е малку одвртено, тогаш тоа значи дека некој се обидува незабележано да влезе во вашиот дом.

7. Реклами и налепници

Вака крадците бараат соодветен изговор за да влезат во вашиот дом и да го разгледаат. Исто така доколку одите на одмор побарајте од доверлив сосед да ја зема вашата пошта, затоа што полното поштенско сандаче е знак дека сопственикот не е дома.

8. Чудни знаци

Избришете ги сите сомнителни ознаки, на и околу вашиот дом. Крадците на овој начин ги обележуваат куќите кои лесно можат да се ограбат или во кои сопствениците не се дома.

9. Повици од непознат број

Со цел да откријат во кое време сопствениците се дома крадците често им се јавуваат од непознат или скриен број.

10. Скршена брава

Неисправност на бравата или гребнатини на вратата се знаци дека некој веќе се обидел да влезе во куќата. Преземете мерки веднаш, јавете се во полицијата, сменете ги бравите и размислете да си ставите аларм.

Сподели на Facebook
пати видено