Специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ освои македонскиот филм „Мејкинг Оф“ на режисерот Кузман Кузмановски на 6-тото издание на меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ кој се одржува во Софија.
Филмот беше прикажан на 8-ми септември пред бројна публика во рамки на фестивалот, кој трае од 7 до 10 септември 2018 година во Софија, Бугарија.
„Оваа награда доаѓа по само неколку дена од премиерата на филмот. Тоа е потврда на правилото дека кога нешто се работи од срце, тоа ќе биде забележано и вреднувано. И се заблагодарувам на целата екипа која се вложи максимално професионално во овој филм.“, вели режисерот Кузмановски.
Во моментов филмот е на репертоар на кино Синеплекс, а распоредот на проекции можете да го видите тука.