Авионот на Јунајтед Ерлајнс патувал од Њуарк, Њу Џерси до Глазгов, Шкотска, лет кој трае 7 часа. Патниците се шокирале кога од кабината излегол пилотот.
Тој првин влегол во тоалетот каде што ја соблекол униформата и си облекол маица, а потоа легнал да спие на едно од седиштата во првата класа. Пензиониран полицаец го фотографирал пилотот, затоа што сметал дека ваквото однесување е несоодветно и може да крене паника кај патниците.
Пилотот спиел околу час и половина, повторно ја облекол униформата и влегол во кабината, а веднаш по него излегол копилотот за да го замени неговото место и тој да одмори. Според правилата на пилотите и членовите на екипажот не им е дозволено да одмараат во истата просторија со патниците, туку во посебен простор наменет за нив. Исто така летот не бил доволно долг за да постапат на тој начин.
Иако голем дел од патниците во тој момент биле загрижени од компанијата изјавиле дека е задолжително пилотите да одмараат кога станува збор за трансатлантските летови и дека тоа е за нивната безбедност.