Британија го доби првото „родово-флуидно“ семејство и односите во него можат многу да ги збунат луѓето. Луис и Ники Дравен се родители на 5-годишниот Стар Клауд. Биолошкиот татко на Стар е Луис, но детето го нарекува „мамо“, додека неговата билошка мајка Ники ја нарекува „тато“.

Луис-лево, Ники-десно

Сега неговите родители сакаат да си ги сменат половите, преку операција, односно Ники легално да стане маж по име Чарлс, а Луис преку операција ќе стане жена.

Оваа семејство веќе со години е мета на критики од јавноста, поради тоа што тие го воспитуваат нивниот син дека луѓето не се раѓаат со машки и женски пол, туку за тоа треба да се одлучи во текот на животот.

Тие велат дека мора да си ги сменат половите затоа што сѐ повеќе го збунувале детето. Мајката Ники рекла дека Стар останал збунет кога заедно посетиле базен и таа морала да носи костим за капење и детето ја прашало зошто не носи само шорц, како останатите татковци.

За да бидат уште „порамноправни“ тие го поддржуваат нивниот син да се игра со кукли и да си ги средува ноктите. Луис дури изјавил дека институциите се виновни затоа што нивното дете се чувствува отфрлено, бидејќи во градинката му кажале дека куклите се за девојчиња, откако сакал да се игра со една од нив.

Јавноста не е задоволна поради ширење на ваквото родово убедување и Ники и Луис продолжуваат да добиваат навреди, па дури и закани, но тие се решени да го извршат нивниот „план“ и да си ги сменат местата.

Сподели на Facebook
пати видено