Постојат многу различни причини зошто луѓето сакаат да изгубат тежина. Некои од нив го прават тоа од здравствените причини, а други го прават тоа за да ги подобрат своите односи. Но, денес сакаме да ви раскажеме за една жена која нашла извор на енергија во нејзината ќерка. Таа вели: „Сакав да бидам во добра форма за моето дете. Се чувствував како да ми требаше да се контролирам и да го направам тоа и за моето дете.“
Никогаш не се срамете од вашата приказна која може да ги инспирира другите.
Неколку фотографии (вклучувајќи ја и левата на сликата погоре) станале голем повик за будење за Кристин Карлос во 2012 година. Во тој момент нејзината тежина била околу 102 килограми. Тогаш таа решила да тргне на патувањето кон нејзиниот здрав начин на живот.
Почеток на приказната
Кристин открива дека се здобила со тежина за време на нејзините доцни тинејџерски години. Таа претпоставува дека тоа е затоа што се оддалечила од земјата во која пораснала и објаснува: „Барав утеха во храна, станав летаргична и навистина срамежлива“. Кристин се обидела да изгуби тежина неколку пати, но тие напори завршиле неуспешно.
Во 2007 година таа родила бебе и забележала дека нејзината тежина се зголемила уште повеќе. Таа напишала: „Сфатив во 2012 … дека не можам да го живеам својот живот сонувајќи и гледајќи како луѓето го живеат животот во потполност. Не можам да седам и да не бидам активна со моето малечко. Сакав да се чувствувам жива за моето дете и сакав да дадам добар пример за неа.“
Првите чекори
Отпрвин, таа прочитала неколку списанија за здрава исхрана, обидувајќи се да пронајде корисни информации што би можеле да ѝ помогнат да ја достигне нејзината цел. Таа ги замени обработената и пржената храна за зеленчук, јадела минимални јаглехидрати и пиела околу еден литар вода дневно. Ова било нејзиното секојдневно мени:
- Појадок: овесна каша и јајца
- Ручек: салата со домашен вински оцет
- Вечера: риба и зеленчук
Пред сѐ, Кристин ја променила својата рутина за тренинг: таа започнувала со 45 минути кардио 6 дена во неделата користејќи ја лентата за трчање во теретаната во која тргнала.
Кога Кристин изгубиле одреден број на килограми се пријавила за бикини натпревар. Кристин признава: „Еден период сакав да сум слаба, па сакав да сум мускулеста, сека смао сакам да сум среќна.“
Еве како изгледа Кристин денес. Нејзината тежина варира од 61кг до 56кг. Таа ги инспирира луѓето да го споделат своето минато, покажувајќи го тешкото патување и да ги споделат своите мисли: „Мотивацијата не е како се чувствувате. Мотивацијата е избор. Избираме што сакаме да правиме секој ден, а единствената личност што може да нѐ натера да ја достигнеме нашата цел или да не спречи да ја постигнеме сме самите ние.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.