Воените офицери се враќаат дома после едномесечна обука. За да се пошегуваат, во багажот на еден од колегите му ставиле едно пакетче презервативи.
Се разбира, неговата жена додека го распакувала, ги нашла и скандалот започнал.
– ШТО Е ОВА БЕ? ТИ МЕНЕ МЕ ИЗНЕВЕРУВАШ!!!???
Но офицерот лесно се извлекол.
– Сега ќе ти објаснам – ѝ рекол на жената. – Тие презервативи ни ги дадоа претпоставените, но како што гледаш, јас не искористив ниту еден.
После неколку дена жените на другите офицери почнале да прашуваат:
– Ајде сега да објасниш каде ти се тебе твоите презервативи!?

Сподели на Facebook
пати видено