Клер Џоунс била најмена да се грижи за неподвижна 49-годишна жена, Анита Ештон, која боледува од мултипла склероза. Нејзиниот сопруг, Стив почнал да се сомнева во негувателката кога од куќата почнале да „исчезнуваат“ одредени работи.

Најпрвин Стив мислел дека нивните две деца ги земаат ситните пари и храната и не прашал каде се. Но, кога случајно ги прашал децата по неколку месеци заклучил дека најверојатно некој друг ги зема. Затоа решил да постави скриени камери низ куќата и намерно оставил ситни пари во кеса и една банкнота од 5 фунти во џебот на торбата за работа.

Негувателката не само што ги земала парите туку си собрала и намирници од куќата кои ѝ биле потребни и си ги земала со неа дома. Џоунс била осудена на 26 недели затвор и е суспендирана 12 месеци. Таа, исто така морала да изврши 250 часа неплатена работа и да плати £ 750 во судски трошоци, парични казни и надоместок. Тој ден кога ја снимиле камерите таа украла 7 фунти и намирници во вредност од 13 фунти.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено