Кога вашиот телефон ќе остане без надзор, може да се појават многу интересни фотографии во него, што не се направени од вас. За какви фотографии станува збор, погледнете во продолжение. Некои од нив слатко ќе ве насмеат.

„Оваа слика ми стигна од телефонот на мојот сопруг. Тој е оној кој спие. Не го познавам другиот човек.“

„Го изгубив телефонот, подоцна го најдов во кокошарникот, заедно со оваа фотографија во галеријата“

„Вчера летав со падобран врзан за чамец и ги замолив момците на чамецот да направат неколку фотографии со мојот мобилен телефон. Една од сликите беше оваа:“

„Заспав на забава, а потоа ја најдов оваа фотографија на мојот телефон. Јас немам идеја кој е овој човек!“

„Заспав во библиотеката, а некој непознат тип почна да прави селфи со мене од мојот телефон.”

„Другарка ми си ја заборави чантата во такси. Следниот ден ѝ ја вратија, а во телефонот ги најде овие фотографии.“

„Го оставив телефонот во дворот додека ги собирав паднатите лисја, а кога се вратив, ја најдов оваа фотографија во него“

На криминалецот му испаднал телефонот од џебот додека бегал од полицијата. Полицајците го направиле ова селфи, го постирале на негов профил на социјалните мрежи и му пишале дека ќе му го вратат телефонот во окружниот затвор.

„На мојот пријател му вадеа умник, па докторот дал идеја да направат смешна фотографија додека тој е под анестезија“

„Го изгубив мојот телефон во Санта Моника минатата ноќ, но една добродушна бездомничка ми го врати. Таа си направи неколку селфи фотографии со телефонот.“

„Го заборавив телефонот на работа, а моите колеги тргнале на забавно патување со него и со мојата омилена мува Клаудија.“

„Го изгубив мојот телефон во вечерното училиште, а подоцна го најдов. Сега знам кој го зел.“

„Го заборавив телефонот кај моите родители, а баба ми ми го врати.“

Сподели на Facebook
пати видено